Советот на јавни обвинители на денешната 75 седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе Основни Јавни обвинителства низ земјава.
На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријават на еден од огласите за избор на јавни обвинители, меѓу кои и во Основното Јавно обвинителство во Струмица.
Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолески, посочи дека освен Скопје и Радовиш, во сите останати обвинителства има голем недостиг на кадри и дека заедно со листата на кандидати, пред седницата до членовите на Советот им ја доставил и листата со потребите на сите Јавни Обвинителства во државата, согласно систематизацијата и пополнетоста. Во ОЈО Струмица треба да има 1+8, а слободни се две места.
По објавувањето на огласите сите кандидати, кои ќе се пријават ќе треба да поминат на интервју во Советот на јавни обвинители.