понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Собранието ја избра преодната Влада што ќе ја предводи Талат Џафери

понеделник, 29 јануари, 2024 | 07:23
in Вести, ВЕСТИ од Македонија
Собранието ја избра преодната Влада што ќе ја предводи Талат Џафери

Собранието синоќа ја избра новата, преодна Влада која во наредниот период треба да организира фер и демократски избори. Новата Влада е во состав: Талат Џафери, претседател на Владата, Славјанка Петровска, министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана, Панче Тошковски, министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи, Кренар Лога, министер кој ќе раководи со Министерството за правда, Артан Груби, министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Бујар Османи, министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи, Фатмир Бесими, министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, Крешник Бектеши, министер кој ќе раководи со Министерството за економија, Љупчо Николовски, министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити, министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, Јетон Шаќири, министер кој ќе раководи со Министерството за образование и наука, Ѓоко Велковски, министер кој ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика, Ристо Пенов, министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа, Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерка која ќе раководи со Министерството за култура, Азир Алиу, министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски, министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, Каја Шукова, министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Бојан Маричиќ, министер без ресор задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи, министер без ресор задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и Славица Грковска, министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.

Во експозето на мандатарот и кандидат за претседател на преодната Влада, Талат Џафери, кое претходеше на изборот на Владата, посочи дека првиот приоритет на преодна Влада ќе биде одржувањето на редовните Претседателски и Парламентарни избори на фер и демократски начин, но воедно и дека нема да се отстапи од тоа што значи функционална и доверлива институција за граѓаните и институција со јасни надлежности дефинирани со Уставот во однос на другите столбови на власта во Република Северна Македонија. Воедно, тој посочи дека оваа Влада е продолжение на претходната Влада која работеше со усвоена Програма за работа на Владата 2022-2024, и дека новиот состав на Владата се обврзува да продолжи со целосно, ефикасно и успешно спроведување на усвоените политики.

Претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна Влада, во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав на Владата. На членовите на преодната Влада, претседателот Пендаровски им посака ефикасно работење и успешно спроведување на претстојните Претседателски и Парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и 8 мај.

ShareTweetShare
Previous Post

Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски формира Општинска организација и во Струмица

Next Post

Демант на МОН: Не сме иницирале покачување на партиципацијата за студирање, студентите да бидат спокојни

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist