Со тримерска посна трпеза, струмички традиционални песни со „Распеани Струмичани“, денеска на сам ден Тримери во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, во организација на Струмичкиот карневал, симболично беше одбележан празникот на армасаните (свршените девојки), кој се негува единствено во Струмица.
Сарма со ореви, посен грав, чурек, леблебија, зерде, алва, боза, локум, компот, имаше на посната тримерска трпеза, подготвена од ресторанот „Ројал Парк“. Традицијата вели дека на овој ден се пејат еротски песни, кои претставуваат еден вид на запознавање на младите со идниот брачен живот.