Со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој (АФПЗРР), во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, Општина Василево го тампонира полскиот пат во село Василево, познат како Широк пат кој води кон плодното Василевско поле, информираат од општината.
Патот што се тампонира е со должина од 390 метри, ширина од 4,5 метри и дебелина на тампонот од 25 см. Вкупниот буџет за оваа активност, одобрен од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, преку мерката Инвестиции во инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште изнесува 594.123 денари.