Во организација на „Елеуса Фондација“ синоќа на струмичкото корзо, пред кафе барот „Мала Сцена 112“ се одржа Поетско-музички настан кој беше од хуманитарен карактер, собирање финансиски средства за акцијата „Топол оброк за сите“.
Топлата октомвриска ноќ и посака добредојде на поезијата, музиката и хуманоста, сплотени под едно име „Јас живеам затоа што знам дека живееш и ти“.
Низ поетските циклуси „Повикот на корените“, „Црквата Вечност, наспроти минливоста на животот“, „Раѓањето на зборот“ и „Ти беше сѐ што му недостасува на светот“, нѐ водеа Гордана Донева, Наташа Василевска Трајчевска, Сузана Мицева, Гонца Запрова Атанасова и Мариета Дукиќ, а осврт на стиховите на големите македонски поети подготвија Билјана Костадинова и Ана Витанова Рингачева.
Настанот го збогатија „Ретроманија Трио“ со прекрасните изведби на македонски шлагери.