Сообраќајка и нехуман гест направил струмичанец кој синоќа предизвикал сообраќајна незгода кај селото Баница, струмичко во која едно лице е тешко повредено. СВР Струмица соопшти дека синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, И.К.(22) од Баница, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.
По незгодата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во струмичката болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Струмица.
По преземени мерки, во 23:50 часот возачот бил пронајден и пренесен во болницата во Струмица, каде што, исто така му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица.