СВР Струмица информира дека утрово во 05:35 часот полициски службеници ги привеле Е.И.(22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво”.
Имено, утрово околу 05:00 часот во казино на улицата „Балканска“ во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот.
Лицата се задржани во Полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.