Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на Фејсбук објави дека денеска на уште неколку дечиња им подарил скејтови со кациги за забава во новиот „Скејт парк“, кој официјално беше пуштен во употреба во четвртокот. Таму им подари на десетина дечиња, а ги имаше повеќе, па им ветил дека и тие ќе добијат.
„На гости ми дојдоа момчиња и девојчиња кои пред неколку дена присуствуваа на свеченото отворање на првиот струмички „Скејт парк“, на кое подарив десет скејтови со кациги на исто толку дечиња. На останатите им закажав понеделничка средба во општината, со ветување дека и тие ќе добијат такви подароци. Речено – сторено. На радоста и немаше крај. Тие радосни, ама радосен и јас, особено по многуте нивни убави зборови за новиот прекрасен „Скејт парк“. На дечињата им ветив уште многу убави содржини во Струмица, наменети ним и на нивните врсници“, напиша на Фејсбук градоначалникот Костадинов.