четврток, 17 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Синоќа во Скопје промовиран романот „Тарафот“ од струмичанецот Петар Трајков

недела, 27 ноември, 2022 | 12:28
in Вести, Струмица
Синоќа во Скопје промовиран романот „Тарафот“ од струмичанецот Петар Трајков

Во автентичен книжевно афирмативен амбиент на „Метаноја кафе“ во Скопје синоќа се одржа промотивно читање на книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица.

Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот и негова интерпретација. Модел кој авторот го избрал како актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со комплет на визија, емоции и мисла презентирани изворно од авторот.

Романот „Тарафот“ е трет роман на авторот Петар Трајков по објавените Орбело (2010) и Дојрански договор (2021). Објавил и две публицистички книги и повеќе текстови.

„Тарафот“ е роман од жанрот на историска фикција кој обработува  долг временски континуитет на промени и мачни процеси за нашиот народ прикажан низ приказната на едно семејство низ пет генерации.

Романот изобилува со многу информации за околните времиња во кои се опстојувало, детални описи на општествени односи, драматизација на препознатливи настани, опис на предмети, народни обичаи и верувања  кои се ново искуство за љубителите на домашната и балканска историска фикција. Тараф (страна), тоа е всушност име за политичка припадност на нашиот народ пред да бидат формирани револуционерната организација и покасно политичките партии.  Тарафите биле суштината на политичките збиднувања. Еден тараф успева да се наметне над останатите и го развива бајракот: Македонија на Македонците.

Романот опишува една историја на скриена, тајна круна која се појавува  пред неколку векови и успешно преживува низ редица познати историски премрежја и предизвици, движејќи се не само низ балканските центри Истамбул, Софија, Белград, Солун, туку и со свои активности како дипломатија во Лондон и Москва.

За промоцијата организаторот изработил автентични предмети согласно  романот: знаме, униформи и патиниран приказ на оружје кои беа дел од атмосферата на настанот.

Авторот и во претходните дела се занимава со езотерија преплетена во трилер, па и во ова дело се појавуваат тајните и помалку познати тевтонци, јоанити, венецијанска олигархија. За љубителите на овој жанр авторот вели дека се замислил пред прашање од своите читатели дали Тарафот всушност претставува Езотеричка историја на Македонија.

Киднапирања, ликвидации, замени на деца и критични моменти од лични приказни се автентично прикажани и поврзани со конкретни податоци како да се видени лично од авторот. Затоа предизвикуват емоции и го држат до крај во неизвесност читателот кој на крајот се прашува дали и во каков вид би можела да постои оваа организација.

Авторот рече дека „Импорт на новите идеи во минатото, очекувања и илузии не само што нема да ни помогнат туку ни прават лоша услуга.  Потребен е потег во спротивен правец. Да изнајдеме доволно издржливи архетипи и симболи кои ќе не крепат нас во овие претстојни тешки времиња и ќе бидат нешто што ќе им оставиме на потомците“.

„Иако дијамантот и јагленот имат иста структура се разликуват по староста и според притисокот под кој се формирале. Значи наместо полесни времиња треба да бараме храброст и предизвик и издржливост.  Да ги бараме во сопствената сакралност која е ориентирана кон вечноста. Според тоа, ако доаѓаат тешки времиња, тогаш тоа е – добрата вест“.

ShareTweetShare
Previous Post

3-1 за девојките на „Наковски Волеј“ над „Струмица жени“

Next Post

Маж со својот трактор удрил во метална шипка и загинал

Related Posts

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Вести

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија

среда, 16 јули, 2025 | 13:18
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

среда, 16 јули, 2025 | 12:52
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?

вторник, 15 јули, 2025 | 22:06
За 8 часа изречени 197 санкции на возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Вести

Приведени тројца млади струмичани, кај еден од нив пронајдена марихуана

вторник, 15 јули, 2025 | 13:42
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45

ТОП ВЕСТИ

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist