Син го нападнал својот татко со остар предмет, информираат од СВР Струмица. Според соопштението, синоќа во 21:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица, затоа што околу 21:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината.