Светски познатиот музичар Зоран Маџиров од Струмица, во 2017-та година на денешен ден почина по седумесечна битка за својот живот од тешката сообраќајна несреќа кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Штип.
Тој со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот. Во коматозна состојба беше префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.
На светската јавност Маџиров и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња. Студираше музика во Германија, а во Европа настапуваше и со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: „Historical recordings“ и „Pytagora’s glasess and lute“. Зад себе има реализирано повеќе од 4.000 концерти во европските и американските градови и е прогласен за почесен граѓанин во повеќе европски метрополи. САД му дадоа државјанство.
Волшебникот на шишиња од Струмица во својата 25-годишна кариера има работено за светски звезди како што се Стинг, Тина Тарнер, Мајкл Џексон, Хари Бела Фонте, Тито Пуенте, Скорпионс и помалку познатите Реџи Воркменг, Џими Хедад и многу други.
Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица.