На барање на Општина Босилово, Јавното претпријатие за државни патишта денеска започна со реконструкција на дел од А4, односно на „Робовска крстосница“. Поточно се реконструира делот од бензинските станици до „Робовски пат“ – информираат од општината.
Исто така ќе се работи на мал дел на излезот од Робово кон Муртино, односно ќе се санира опасна точка на патот. Во Септември ќе се реконструира делницата од излез на Секирник, се до место викано „Чешмата“ – соопштија од Општина Босилово.