Здружението за поддршка на лица со Даун синдром „Вера“ од Струмица почна со подготовките за годинашната Манифестација – Модната ревија „Убави сме, свои сме“, која ќе се одржи на 2 декември.
За таа цел објавува јавен повик до сите кои се креативни и сакаат да им нацртат модел во кој ќе бидат облечени нивните манекени, лица со попреченост. Повикот е отворен за сите оние кои сакаат да се вклучат во овој настан, а се на возраст од 10 до 30 години.
„Едноставен моден предизвик, а најдобрите 15 модели ќе бидат оние модели во кои ќе бидат облечени нашите манекени на модната писта. Сите дизајни кои ќе ни бидат испратени ќе бидат објавени на нашата Фејсбук страница и на самиот настан во фоајето, пред отворањето на настанот“, вели Анче Туфекчиева од Здружението „Вера“.
Доколку сте креативни, амбициозни и сакате да бидете дел од оваа манифестација нацртете еден модел, испратете го во скенирана оригинална форма со Вашите лични податоци на е-маил: [email protected]. Може да нацртете и испратите само еден модел, за девојче или за момче.