По јавната расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година којашто се одржа на 6 ноември, денеска во Домот на АРМ во Струмица се одржа стручна распрва по овој најважен урбанистички документ на општината.
Според соопштението на Општина Струмица на стручната расправа имало голема заинтересираност од страна на стручната фела којашто потврдила дека единствената тешка индустрија што ја има во Струмица е АД за неметали „Огражден“ и неопходно е во интерес на здравјето на граѓаните негово дислоцирање.
„Целиот процес на носење на новиот Генерален урбанисти план на градот се одвива транспарентно и во согласност со законските прописи“, велат од општината.