Вечерва од 22:15 до 05:00 часот наутро, ќе бидат воведени привремени мерки на обиколницата на Солун на исток, кон Халкидики, која ќе биде привремено затворена, а целиот сообраќај ќе биде пренасочен низ центарот на градот.
„Сообраќајната полиција во Солун, исто така наведе во известувањето дека работите за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата ќе се извршуваат во вторник и среда, 19 и 20 август, од 07:00 до 16:00 часот. Сообраќајната полиција ќе го регулира сообраќајот за време на работата, со наизменично делумно затворање на десната лента во двата правци“, соопштија од грчката полиција.
Полицијата препорачува возачите да користат алтернативни правци во овој период, низ центарот на градот.