Велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица ги завршува последните активности за традиционален настан „Мистериите на Беласица“, кој оваа година е јубилеен по 10-ти пат, а ќ се одржи викендов на 28 и 29 јуни, на планината Беласица, во делот над село Борисово, област викана Мело.
На овој дводневен настан учесниците ќе имаат можност да се одлучат за велосипедска или пешачка тура од село Борисово до „Ѕвезден врв”, пришто во постојана придружба на учесниците ќе биде возило – џип на ВК „Актив“.
Првиот ден (сабота 28 јуни), се тргнува од село Борисово и се пристига до кампинг зоната „ВК Актив“ (област Мело) на 1100 метри, каде ќе се организира вечера и забава со акустична гитара (Горан Алиќ).
На вториот ден (недела, 29 јуни), по организиран појадок следува возење велосипед или пешачење од кампинг зоната „ВК Актив“ до „Ѕвезден врв“, на надморска висина од 1.877 м. Потоа враќање на сите учесници во кампинг зоната „ВК Актив“, каде се организира ручек, па заедничко спуштање до појдовната точка во село Борисово.
Превозот на тешкиот товар (шатор, вреќи за спиење, душеци и сл.) од појдовната точка во село Борисово до кампинг зоната „ВК Актив“ и повторно назад е организирано со возило на ВК Актив.
Котизацијата за овој настан е:
– 1000 денари (со спиење во сопствен шатор, 3 оброка (вечера, доручек, ручек), пакет од настанот.
Жиро сметка: ВК Актив
330100262310005 Капитал Банка
Секој од учесниците е сам одговорен за сопствената физичка и психичка подготвеност, а за малолетни деца се бара потпис и придружба од старател или родител. Строго е забрането фрлање било каков отпад.
Телефон за контакт:
070 253 999
Кире Тасев (претседател на ВК Актив)