Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Никола Маџунков го праша градоначалникот Костадин Костадинов зошто Булеварскиот мост сé уште не е завршен, вели дека таму цело лето нема градежни активности, а е ветено за една година да биде завршен.
Градоначалникот вели дека мостот е завршен, има градежни активности на новиот булевар „Братство Единство“, покажувајќи фотографии од денеска направени во моментот, додека беше поставено прашањето.
Двајцата се обвинуваа кој лаже, едниот или другиот, па си покажуваа „фотки“, со и без градежни активности, а на крајот не се разбраа. Продолжија со други советнички прашања, а градоначалникот со одговори.