Од Општина Василево информираат дека денеска во населеното место Градашорци се асфалтира на четири локации или вкупно 912 м2 асфалт на три улици и реконструкцијата пред еден од мостовите. Улиците се на различни локации и со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од по околу 3,5 метри. Нивната изградба е планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Вaсилево за 2023 година.
Средствата за денешното асфалтирање во Градашорци, во висина од 1.337.435 денари се обезбедени од Буџетот на општина Василево.