петок, 14 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

СДСМ Струмица: Тие што еден голем период од нивното постоење не доаѓаа на чествувањето за Благој Јанков Мучето, вчера отворија „божем“ реконструирана спомен куќа

петок, 26 септември, 2025 | 16:06
in Вести, Струмица
СДСМ Струмица: Тие што еден голем период од нивното постоење не доаѓаа на чествувањето за Благој Јанков Мучето, вчера отворија „божем“ реконструирана спомен куќа

„Вчера се отвори спомен куќа посветена на Благој Јанков Мучето.

Иронијата е болна, затоа што истите тие кои во минатото го омаловажуваа и го ставаа на списокот на „комуњари“ – вчера со свечени говори сакаат да го прикажат како дел од нивната приказна.

Овој херој на народноослободителната борба, децении беше тргнат настрана, изолиран од историјата, оставен без вистинско признание од оние што најгласно зборуваат за патриотизам.

Тие што еден голем период од нивното постоење не доаѓаа на чествувањето за Благој Јанков Мучето, барем да положат свежо цвеќе, замислете токму тие вчера отворија „божем“ реконструирана спомен куќа на Благој Јанков Мучето.

Тоа се истите тие, кои ги истераа борците од своите простории во Скопје, а периодот на народно ослободителна и антифашистичка војна на Македонија, беше избришан од “нивната“ историја.

А денес? Денес потомок на Благој Јанков Мучето се јавува како кандидат за градоначалник под капата на партијата која до вчера го бришеше неговото име од учебници и го нарекуваше „непосакуван“.

До каде оди лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ?

Како може идеологија да се менува од ден за ден, од интерес за интерес, од наратив за наратив?

И дали воопшто таа идеологија постои – или сè што постои е празна реторика за дневна употреба?

Историјата не смее да биде монета за поткусурување.

Хероите не смеат да бидат инструментализирани според партиска потреба.

А лицемерието – тоа останува најголемото огледало во кое се гледаат.

Ете толку за спомен куќата.

А треба ли да се коментира, новото фотографирање пред објектот на стариот театар?

Повеќе од очигледно е, овој театар не им е наменат на струмичките актери, туку на политичките актери од ВМРО ДПМНЕ“ – соопштија од ОО на СДСМ Струмица.

  • Спомен куќата на Благој Јанков Мучето по подолга пауза повторно отворена за посетители
ShareTweetShare
Previous Post

Приведен струмичанец кој украл автомобил

Next Post

Годинашниот лауреат на фестивалот „Ристо Шишков“, Биљана Драгичевиќ Пројковска ја прими наградата од директорот Ване Ристов Патриков

Related Posts

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47
„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица

вторник, 11 ноември, 2025 | 14:11
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност
Вести

ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност

понеделник, 10 ноември, 2025 | 13:42

ТОП ВЕСТИ

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist