Од Општинската организација на СДСМ во Струмица денеска со соопштение по вчерашната тепачка на плоштатот „Гоце Делчев“, објавена на социјалните мрежи реагирајќи дека МВР не е подготвена да стави ред и мир.
„Политичките игри, прогони и вработувања си го прават своето.
По вчерашната застрашувачка сцена на плоштадот во Струмица, МВР потврди дека не е подготвена да стави ред и мир, туку очигледно повеќе се насочени кон „штампање“ кривични пријави против неистомислениците и пишување казни низ цела Струмица — веќе позната тактика од минатото за „полнење“ буџет.
Градот кој е синоним за мирни улици, станува како улиците во Дивиот Запад.
Прашуваме: дали ВМРО-МВРО ќе се свестат и ќе почнат да работат за сите граѓани или нивните суети ќе ги лечат со пристрасни и монтирани кривични пријави.
Полицијата не смее да биде заложник на партијата и нивните желби. Полицијата е составена од луѓе професионалци кои сакаат да работат по закон, а не по монтирани директиви.
Ставете ред, а не да сеете страв, додека низ градот веќе секој и во секоја доба може да посегне по оружје.
Сакаме безбеден град, не селективна безбедност.
Ве повикуваме со надеж дека има нешто човечко во Вас, да започнете со работа и да придонесете за граѓаните.
Овој град и оваа држава не е на „одбран број на луѓе“, туку овој град и оваа држава е на сите граѓани, без разлика какво е нивното политичко убедување, религија, етникум итн.
Доста беше хаос, доста беше едногодишен сон – започнете со работа веднаш, во име на граѓаните“ – стои во соопштението на ОО на СДСМ Струмица.