Општинската организација на СДСМ Струмица ги повикува сите граѓани, членови и симпатизери утре (недела, 3 март) од 08:00 до 20:00 часот да излезат масовно и да го дадат својот потпис за уште еден мандат на претседателот Стево Пендаровски во Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Струмица (зграда на Општина Струмица).
„Претседателот Стево Пендаровски заслужува уште еден мандат. Македонија заслужува сериозен и одговорен државник, кој знае како и каде да ја води државата, претседател на и за сите граѓани“ – стои во соопштението на ОО на СДСМ Струмица.