Во акциска контрола која СВР Струмица ја спроведе вчера во периодот од 10:00 до 16:00 часот на подрачјето што го покрива секторот биле евидентирани 91 прекршување кај возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од нив 36 возачи биле санкционирани на подрачјата на Струмица и Радовиш, 10 на подрачјето на Валандово и 9 на Гевгелија. Од нив, 70 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 21 во населено место.