Вчера, на денот на Илинден, во периодот од 08:00 до 18:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, информираат од СВР Струмица.
Дури 140 возачи со своите автомобили ја пречекориле брзината на движење, од кои 52 во Струмица, 36 на подрачјето на Радовиш, 32 во Валандово и 20 на подрачјето на Гевгелија. Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 66 во населено место. За време на контролата биле констатирани и 10 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.