Светската недела на доење се одбележува секоја година во периодот од 1 до 7 август, а e поддржана од страна на СЗО, УНИЦЕФ и голем број национални министерства за здравство со низа едукативни настани и активности во насока на едукација на тема „Доење и придобивките од истото“. Светската недела на доење започнува да се одбележува во 1992 година, а денес во промотивните настани за поддршка на доењето се вклучени 194 земји, меѓу кои и Македонија.
Мајчиното млеко е најдобриот извор на нутриенти за новороденчето. Тоа обезбедува хранливи материи за раст и развој, а исто така го зајакнува имунитетот и му помага на новороденчето да се бори со инфекциите. Мајчиното млеко во најголем дел, 90%, содржи вода, потоа масти, протеини, јаглехидрати и микронутриенти кои водат до раст на бебињата. Исто така содржи и антитела, антиоксиданси, хормони и фактори на раст.
ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ Струмица, како општествено одговорна здравствена установа и дел од фармацевтската дејност повеќе од 30 години, по повод Светска недела на доење и оваа година организира низа активности со цел подигнување на свеста кај населението, особено кај мајките и идните мајки за значењето и придобивките од доење на новороденчињата.
По тој повод ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ во соработка со д-р Милена Мицева, спец. по гинекологија и акушерство и сопственик на ПЗУ „Д-р Мицев“ на 6 август (вторник) организира едукативно предавање на тема „Мајчиното млеко е повеќе од храна“. Предавањето ќе се одржи во салата за предавања на ресторан „Вила Парк“ во Струмица со почеток во 19:30 часот. Присутните на предавањето ќе добијат совети за различните техники и придобивките од доењето, брушури за правилна исхрана на доилката, новороденчињата и доенчињата и голем број подароци. Исто така присутните ќе имаат можност и да го погледнат асортиманот на препарати и помошни средства кои го помагаат доењето и да добијат стручни совети за правилна употреба.
Комерцијална објава