Во неделата попладне околу 13:00 часот 29-годишниот М.П. од село Дабиље влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, и не излегол. До овој момент сé уште нема трага од него, трагаат и нуркачи од МВР, лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнува потрагата.