Пожарот на планината Готен во близина на селото Нивичино, општина Василево веќе петти ден сé уште е активен и се шири на повеќе страни. Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на гасењето на пожарот.
„Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите коишто беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен“ – информираа вечерва од МВР.