петок, 1 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

„Родителски Фронт“ со соопштение до јавноста, а во врска со одбивањето на дел од учесниците на закажаната јавна дебата на тема „До каде сме со родот?“

петок, 19 април, 2024 | 18:25
in Вести, Струмица
„Родителски Фронт“ со соопштение до јавноста, а во врска со одбивањето на дел од учесниците на закажаната јавна дебата на тема „До каде сме со родот?“

Од Здружението „Родителски Фронт“ кои во понеделник во Струмица ќе одржат дебата на тема „До каде сме со родот?“, испратија соопштение до медиумите со реакција за одбивањето на дел од учесниците на трибината, кои според нив уредно биле поканети и ги очекувале по понеделник.

Интегрален текст од соопштението:

„ИДЕОЛОГИЈАТА НЕ ПОДРАЗБИРА И НЕ ТОЛЕРИРА ДЕБАТА“

Почитувани,

Родителски Фронт откако уредно ги достави поканите на личните мејлови и службените на организациите коишто поканетите ги претставуваат сѐ до овој миг чекавме потврда како што беше и наведено во поканите, не реагирајќи на навредите и дисквалификувањата на некои од нив на нивните лични фб профили, во ним својствениот активистички манир. Ве известуваме дека своето присуство на дебатата го потврдија: д-р Петар Марков, претставник на ВМРО- ДПМНЕ, Аргирета Атева, претставник од Коалицијата за заштита на децата, Адвокат Душан Шарановиќ и Ѓорѓи Танушев, советник и претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Струмица.

Од Игор Јадровски веднаш добивме повратен меил, во кој нѐ извести дека ќе биде отсутен од државата сметано од 16.04.2024-19.04.2024 година, и дека ќе треба да ја контактираме Комисијата, иако беше доставена истата покана и до Комисијата. Од Ирена Цветковиќ и Мила Царовска не добивме никаков одговор. Наместо тоа се огласија на своите лични фб профили, Цветковиќ со навреди, спинови и омаловажувања но и неиздржани оправдувања од типот ,,како да се избега од дебата со достоинство, а да не бидеш кукавица“, додека Мила Царовска со препорака да се прочита квази-новинарскиот прилог на Мета.мк, инаку уште едно милениче-организација на Фондацијата Отворено општество и фамилијата Сорос, на кои главната поента им беше зошто баш сега дебата во предизборен период!? Еве им одговор: Заради тоа што не сме глупи и наивни, а вие сте проѕирни, исто како и вашите поткупени пиони меѓу политичарите кои што веќе доминираат на изборните листи. Ако сакате поисцрпни одговори, повелете на дебата во понеделник, а неспособноста за дебата, страв од истата и задушувањето на општествениот дијалог е само потврда дека вашата агенда е идеологија, а за нас мотив да се бориме по секоја цена.

Од поранешната министерка Јована Тренчевска и предлагач на повеќе верзии на Законот за родова еднаквост ни трага ни глас, освен лајкчињата кај невладино-владината колешка од Хера, Мила Царовска. Важно, и во новата програма приоритети ѝ се: воспоставување на Секретаријатот, ,,Нов“ Закон за родова еднаквост, сеопфатно сексуално образование итн. Смета дека не сме достојни за нејзиниот одговор, присуство и објаснување, а од друга страна дека таа е достојна за нашиот глас на претстојните избори и да ѝ ја довериме нашата и иднината на нашите деца. Нека се стрпи уште малку и нека не се обидуваат да го ставаат Родителски фронт во партиски контекст, бидејќи ние сме надпартиско здружение на родители кое брои над 350 членови од различни партии и продолжува да расте. Не ги криеме нашите имиња и нашите лица бидејќи се бориме за нашите деца и нема човек, политичка партија ниту било каква сила на овој свет што ќе нѐ исплаши и поколеба.

Почитувани, ве информираме вас но и исплашениве од соочување и дебати, дека во понеделник дебата ќе има, а на нив ќе им стојат подготвени празни столчиња со личните имиња, како и на организациите што ги претставуваат во случај да се предомислат што особено би нѐ израдувало. Во спротивно, веќе имаме на претек нивни јавно искажани ставови во тв емисии, колумни но и „маркантни“ министерски мандати во повеќе ресори со девастирачки последици за образованието и иднината на нашите деца и македонското општество воопшто, а тие нека соберат храброст и нека дојдат да ги бранат, ако не заради личниот авторитет и достоинство, тогаш барем заради огромните пари што ги фрлаат на нив добропознатите ,,филантропи”.

Се гледаме во понеделник! Ќе биде искрено, европски, демократски, динамично и интересно!

Здружение „Родителски Фронт“ Струмица

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат

Next Post

СВР Струмица информира за исчезнати две малолетни лица – сестра и брат

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Сообраќајка меѓу Дабиље и Петралинци – повредени пет лица меѓу кои и 5-годишно дете

четврток, 31 јули, 2025 | 11:51
Исчезнал 34-годишен жител на Куклиш, неговиот автомобил е пронајден, но се трага по него
Вести

Во прекин е патниот правец Струмица – Берово кај Сарајска раскрсница

среда, 30 јули, 2025 | 23:06
Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија
Вести

Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија

среда, 30 јули, 2025 | 15:42
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Струмичкото јавно обвинителство отвори истрага за струмичанец кој се обидел да подметне пожар на викендица

вторник, 29 јули, 2025 | 18:08
Четврток ќе биде пазарен ден во Струмица
Вести

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

вторник, 29 јули, 2025 | 09:49
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица реагира на објави на социјалните мрежи од страна на политичка партија

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:39

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица
Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist