Младата репрезентативка на Украина, Елена Михаилотенко е новото засилување во ОК „Наковски волеј“ Струмица.
Станува збор за 20-годишна искусна одбојкарка на позицијата среден блокер која има настапувано во врвни одбојкарски клубови во Словачка и Чешка, како и за младата репрезентацијата на Украина.
„Младата и надежна Елена веќе посетува тренинзи и успешно се вклопи со девојките и очекуваме да ги покаже своите квалитети на терен како дел од ОК Наковски волеј“, велат од клубот со очекувања на врвни резултати и победа оваа сезона.