Дијализните пациенти од Струмица и околината добија значително подобрени услови за третман, благодарение на реновирањето на Диаверум центарот за дијализа. По неколкумесечни интензивни градежни активности, центарот доби освежен, проширен и модерен простор, кој ќе овозможи поголема комоција, практичност и подобри услови за пациентите.
За време на процесот на реновирање, посебен акцент беше ставен на обезбедување на непрекинато одвивање на дијализниот процес. Со посветеност и внимателно планирање, Диаверум успеа да ги минимизира потенцијалните пречки, обезбедувајќи пациентите да продолжат да добиваат вистинска грижа во секој момент. Овој пристап сведочи за искрената грижа и посветеност кон здравјето и благосостојбата на пациентите.
Од Диаверум упатија посебна благодарност до вработените и пациентите за нивната трпеливост и разбирање за време на изведбата на овој важен проект.
Диаверум е шведска компанија која работи во 24 земји ширум светот. Во Македонија е присутна од 2018 година. Диаверум покрај услуги за хемодијализа, обезбедува и нефролошки прегледи.