Од Општинската организација на СДСМ Струмица реагираат на соопштението на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ во врска со најавениот марш што ќе го одржат СДСМ во Струмица на 8-ми март.
„СДСМ – Струмица во текот на сите овие години се залага за правата на жените. Маршевите кои траат повеќе години се само уште еден доказ за нашата посветеност на оваа важна тема. За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ во моментов се наоѓаат во позиција каде што се противат на правата на жените. Нивниот континуиран отпор кон иницијативите кои се во корист на жените покажува нивната нехраброст да се соочат со најголемите предизвици на нашето општество. СДСМ, со својата работа и посветеност, и понатаму ќе продолжи да се бори за почитување на правата на жените и изградба на општество кое ќе ги вреднува.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се запрашаат што конкретно во моментот прават за родовата еднаквост кога се на власт и дали навистина се подготвени да ги поддржат оние основни права кои се однесуваат на сите жени во нашето општество?
Од страна на ЗЕЛС каде претседател е градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски има испратено покана до сите општини, Повик за избор на општина за развивање на локални политики и мерки за унапредување на управувањето со отпад со вклучена родова перспектива, на кој Општина Струмица нема да аплицира на овој повик. Сепак, нека кажат градоначалниците на Вмро Дпмне од другите општини и претставниците на ЗЕЛС дали тие аплицирале?
Воедно, СДСМ Струмица ги повикува сите мажи и жени да се приклучат на маршот во сабота во 12 часот и заедно да се избориме за еднакви права на жената“ – соопштија од ОО на СДСМ Струмица.