„Од изворот сé уште пееме“ – вака е насловен годишниот концерт на Вокално-инструменталниот состав „Распеани Струмичани“ кои традиционално секоја година го одржуваат во месец декември, годинава на 14 декември (четврток) со почетокот во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Освен настапот на членовите на ВИС „Распеани Струмичани“ со изведба на традиционални македонски песни, како гости со свои музички настапи на концертот ќе имаат и Славица Ангелова, Никола Тодоров – Скака, Павле Витанов, Јовче Пандев и Љубомир Митровски.
Четврток, 14 декември | 20:00 часот | Центар за култура – Струмица