СВР Струмица информира дека вчера во 08:30 часот во селото Просениково, струмичко, била пронајдена почината Б.В.(76) од село Просениково, за која на 07.10.2023 година беше пријавено дека се оддалечила од домот.
Лекар од ЈЗУ Општа Болница Струмица констатирал природна смрт без траги на насилство и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на семејството.