На 30 ноември (сабота) со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица Рената Атанасова ќе го промовира својот втор роман насловен „Апартман 313“.
Станува збор за криминалистички роман со повеќе навидум неповрзани дејства кои со текот на приказната се сплотуваат во една целина. Пораките се многубројни, но повеќето од нив се во прикриена форма и целта на авторката е читателите преку редови да ја сфатат, не само поентата на самиот роман, туку и секоја емоција која е вгнездена во срцето на секој лик, и на тој начин подобро да ги резимираат нивните дејства.
Рената Атанасова од Струмица по потекло е од населеното место Моноспитово, студира Општа медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Сабота, 30 ноември | 19:00 часот | Центар за култура – Струмица