На 27 јули, сабота, со почеток во 19.00 часот, во Малиот градски парк во Струмица ќе се одржи промоција на нов албум на рап групата Дивизија и DJ STR, насловен „Игра на трпение“. Ова е трет студиски албум на винил издание на Дивизија и прв рап албум целосно продуциран од DJ STR. Во „Игра на трпение“, освен Дивизија и DJ STR, учествуваат и DJ Popeye, DJ Marko Ortographia, Куп Де Грас и Кацар.
„10 години од нашиот прв и 8 години од вториот албум, го враќаме тимскиот дух и звукот наш во ново светло, имајќи нов продуцент, нова каписла за нас, 10 песни во кои обраќаме внимание на искуството низ годините што сме ги минале, времето, другарство, фамилија, љубов, вера, како и динамиката на времето и целата игра на трпение која ја играме секојдневно“, пишува Дивизија.