Четврток, 20 април | 20:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица
По повод патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица на 20 април (четврток) со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде изведен драмско-музички перформанс за младешката љубов, испреплетена со музиката и стиховите на најдобриот – Владо Јаневски, насловен „Пролетна љубов во септември“. Влезниците по цена од 200 денари се продаваат во училиштето.