Сабота, 22 април | 20:00 часот | Центар на Ново Село
Во сабота, 22 април од 20:00 часот во Ново Село ќе се одржи Македонско-италијанска забавна вечер со вкусна храна по традиционални македонски и медитерански рецепти, квалитетно македонско вино, италијански канцони и македонски евергрини во организација на здружението „Кво Вадис Ад Астра“, а поддржано од Општина Ново Село и Амбасадата на Република Италија, Конфиндустрија.
За забавниот дел ќе се погрижат италијанскиот бенд „Бона Деа“ со изведба на италијански песни, а со македонскиот бенд „Ретроманија“ ќе уживате во најубавите македонски песни.