И ликовниот уметник Ана Филев од Струмица по објавената продажба на своето дело на Фејсбук, слика „Охридска куќа“ ја продаде за 30.000 денари, а парите купувачот ги уплати на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на Македонија.
Претходно и нејзиниот сопруг Александар Филев за истата сума продаде свое дело, а парите беа уплатени во Фондот за солидарност.