Основното Јавно обвинителство од Струмица отвори истрага за вчерашниот инцидент во Ново Село каде брачен пар доби прострелни рани од пиштол. Напаѓачот кој беше совладан и фатен на лице место, 45-годишниот Д.С. од село Долно Лакочереј охридско, на барање на Јавното обвинителство, а одборено од судија на претходна постапка од струмичкиот Суд доби 30 дневен притвор, објави порталот Дрнка.мк
Според Дрнка.мк, повикувајќи се на информации од очевидци, жената добила прострелна рана во стомакот и била префрлена на скопските клиники, а мажот во ногата и бил задржан во струмичката болница. Токму мажот, иако повреден во ногата успеал да го совлада разбојникот кој носел пиштол и да го задржи се до доаѓањето на полицијата.