недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Примадоната на Струмичкиот театар Тинка Ристеска сé уште е на сцената – колегите и дадоа Плакета 55 години актерска дејност

сабота, 30 ноември, 2024 | 16:53
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Примадоната на Струмичкиот театар Тинка Ристеска сé уште е на сцената – колегите и дадоа Плакета 55 години актерска дејност

Примадоната на Струмичкиот театар, Тинка Ристеска е препознатлива по својот уникатен талент и неверојатната трансформативна моќ, во текот на годините се етаблира како подеднакво активна во театарот, но и во филмови и на телевизија.

Струмичани ја има честа и задоволството да имаат актерка од овој калибар. Повеќе од 200 улоги на театарската сцена што живот значат, како и филмски и телевизиски улоги, покажуваат дека станува збор за исклучителна актерка со специфична креативност, професионалност и автентичност, која ја прпознаваме по нејзината оригиналност и посветеност на театарот до максимум.

Колегите од Струмичкиот театар по синоќешната изведба на претставата „Вујко Вања“, во која таа ја игра улогата на Марина и доделија Плакета „55 години актерска дејност“. Признанието и го врачи директорот на НУ Центар за култура „Антон Панов“, Драган Маџиров, а раководителот на Струмичкиот театар, Ванчо Василев и додели подароци и букет со цвеќиња од името на колегите. Букети со цвеќиња доби и од многубројната публика која ја следеше синоќешната претстава, а таа им се поклони до земја, како што кажа „нејзиното величество“ – публиката без која не може да опстои театарот.

Актерката Тинче, како што ја нарекуваат колегите, со трепет, возбудена, полна со емоции им се заблагодари на колегите, а посебно на управата и режисерите што и дозволуваа и покрај пензионирањето сé уште да игра на сцената, да биде дел од театарските претстави на Струмичкиот театар.

„Кротка во душата, љубезна во однесувањето, пријателски настроена кон сите во приватниот живот, на сцената се преобразува во професионалец со свој автентичен актерски стил, кој може да се именува како ненаметлив, суптилен, сериозен и препознатлив. Во својата долгогодишна кариера Тинче оствари респектабилен број ликови вокласичниот репертоар, но покажа и неверојатно љубопитство да учествува во настојувањата на младите режисери и колеги кои истражуваа нови форми во театарската уметност. Тоа можеше да значи само едно: дека длабоко во себе носеше порив за бунт против шаблонот и клишето, кои на театарот често му се закануваа да му го одземат правото да биде постојано во дослух со времето што го живее. Девизата на сцената секогаш да се биде поинаков, различен до непрепознатливост, е базична особина на добриот актер, на актерот – уметник, каков што е нашата Тинче. Затоа нејзиниот дијапазон е изграден од ролји на наивни моми и средовечни жени, до бабички како што е дадилката Марина во „Вујко Вања“ на  Антон Павлович Чехов“ – напиша за актерката познатиот режисер Бранко Ставрев по повод големиот јубилеј 55 години актерска дејност на Тинче во Струмичкиот театар, а ја прочита синоќа актерот Ванчо Мелев.

Во своето пофално слово за актерката Тинка Ристеска, Ставрев вели дека најпрвин на што си приспомнил е антологиската финална сцена од „Вечна игра“, во која Тинче Ристеска со големиот мајстор на македонското глумиште Мите Грозданов „седнаа опуштени на просцениумот на нашиот театар, и со една надреална човечка топлина текстот на Митко Маџунков го престоруваа во сопствен живот“.

Тинче – Андромаха го запраша Мите – Иљо М: Помн’ш ли ка одааме на тилци на миндељто, а Мите – Иљо М. И’ одговори со длабока воздишка: да мож’м саа само еден расцфт’н минд’л да вид’м. Само една шљупка ут орех… Се сеќав’ш ли как џангораа едно време чичарашките на ветеро? Ех, да можам да видам само еден мајски бумбар, да чуум ка брмче ус тии сијните крила. Бзззз- бзззз…

„Во улогата на Андромаха, Тинче влезе наместо нејзината колешка Зора Георгиева толку успешно, што имав впечаток дека ја играат Андромаха во дует. И секогаш кога мислев на едната пред очи ми се појавуваше другата, што можеше да значи само тоа дека тие имаа нешто заедничко. Едноставно беа предодредени уште со раѓањето да бидат актерки. Додека во „Вечна игра“ ги покажуваше можностите на голема драмска актерка, во „Чудо големо“ Тинче Ристеска демонстрираше неверојатен дар за комедија. За среќа, тие две претстави се снимени и можев со дистанца да ги погледам и да си потврдам дека моето мислење за неа воопшто не се променило од времето кога таа ја почнуваше својата кариера до времето ова, кога како достоинствена примадона се проштева од театарската сцена, без да се збогува од неа. Достатни се ролјите што ги играше  во претставите што ги создававме заедно. Да сведочат за едно богато присуство на Тинче во културното живеење на Струмица и нејзиниот театар. Но кога на тоа ќе се придодадат ролјите што ги одигра во другите претстави во театарот, на телевизијата и на филмот, станува јасно дека се работи за актер кој со сето свое битие се вселил во срцата на нејзините обожаватели. Во времињата минати постоеше една екипа од првокласни мајстори на актерскиот занает во која беа Александар Думов, Стојан Гогов, Љубица Пиперевска, Зора Георгиева, Ристо Костов, Кирил Здравески, Бошко Димитров, Тинка Србинова, Ванчо Крстески, кон кои се приклучи една непозната, срамежлива, млада, надежна, воспитана, скромна девојка со забележителна става, на која и’ беше судено да ужива во нивната ука, во нивната колегијалност, во колективниот дух што создаваше високи дострели во претставите. Во друштво на такви чудесни колеги Тинче се развиваше на еден природен начин во актер кој рамноправно се вклопи во прочуената екипа. Можноста да настапува со мајстори од висок калибар придонесе самата да стане голем мајстор, актер кој секој режисер го посакува во своите подели“ – напиша за Тинка Ристеска, режисерот Бранко Ставрев.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Новата ера во пеглањето е тука!

Next Post

„Апартман 313“ – втор роман на Рената Атанасова промовиран пред струмичката публика

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица

петок, 30 мај, 2025 | 17:53
Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија
Вести

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија

петок, 30 мај, 2025 | 14:47

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist