Утрово во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица привеле 22-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека околу 04:15 часот оштетил влезна врата на угостителски објект во Струмица и физички нападнал една вработена. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.