Вчера во 10:20 часот во Струмица, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А.(35) од село Градашорци, струмичко, А.А. и Ѓ.А. и двајцата од Струмица. При преглед над лицата, кај Б.А. била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Струмица.




























