Синоќа во 20:10 часот во селото Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.Ѓ.(21) од Мокрино и Л.А.(22) од Борисово. При преглед во патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај К.Ѓ. е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од струмичката полиција.



























