Вчера во 13:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле С.Т.(26) од Струмица. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од 7 години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон, информира МВР.
Лицето било предадено во Казнено – Поправната установа „Затвор Штип“ за издржување на казната.