СВР Струмица информира дека вчера во 11:00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица.
„Во службениот разговор во Полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило на подрачјето на Радовиш, како и една „кражба“ и едно одземање на моторно возило на подрачјето на Струмица. Кај него биле пронајдени возило и други предмети, кои ќе бидат вратени на сопствениците“ – соопштуваат од полицијата.
Е.Б. бил задржан во Полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.