Синоќа во 22:00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.А.(27) од Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен предмет кој потекнува од кривично дело „тешка кражба“ извршена на место викано „Муртински колиби“ на планината Беласица, а која била пријавена во СВР Струмица на 07.08.2024 година, информираат од струмичката полиција.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против М.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.