Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Во извршен службен разговор во Полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 година извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост на правно лице во Струмица, а украдените лаптоп, компјутери ги продал на лице од Струмица. По преземени мерки, украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.