Вчера во 15:40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети од женска чанта во козметичко студио во Струмица. Кај него биле пронајдени парите и предметите, кои биле вратени на оштетената, информираат од струмичката полиција.
Ѓ.А. бил задржан во Полициска станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.