Денеска во 10:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода О.Х.(41) од Струмица. При преглед на неговото дворно место биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена вчера, 6 септември во продажен објект во Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.