Синоќа околу 19:30 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Р.(33) од село Банско, затоа што при преглед на нива која ја обработувал биле пронајдени ќесиња со марихуана, информираат од струмичката полиција.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.