Вчера околу 16:00 часот часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага, информираат од струмичката полиција.
Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.